| четврток, 6 декември 2018 |

Маурицио Сари ќе го наследи Спалети на клупата на Рома?!

mauricio sari

Тренерот на Рома, Лучијано Спалети, ќе го напушти „Олимпико“ на крајот од оваа сезона, а негов наследник треба да биде Маурицио Сари, сегашниот стратег на Наполи, информира „Раи спорт“. Тој наводно не е во најдобри односи со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, па се очекува по завршувањето на сезоната, и тој да ја промени средината и да замине од Наполи. Рома би била перфектен нов предизвик за Сари.

Рома во изминатите неколку години е главен ривал на Јувентус во борбата за титулата, а американските сопственици конечно сакаат да направат значаен исчекор за да стигнат до „скудетото“.

„Римската волчицата“ моментно е второпласирана во Серија А со 65 освоени бода, два повеќе од Наполи, а седум помалку од лидерот Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top