Замена на функциите меѓу српскиот премиер Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ не е можна, пишува весникот „Блиц“, повикувајќи се на извори од Владата на Србија.
Во текот на разговорите меѓу Вучиќ и Николиќ, по кои Николиќ се откажа од претседателската кандидатура, тема не била идниот ангажман на Николиќ, иако овие денови во јавноста се шпекулира што би можел Вучиќ да му понуди во замена за повлекувањето од трката за шеф на државата.
– Целосно е исклучена можноста Николиќ, откако ќе замине од претседателската функција, да биде нов премиер. Во Србија не е можно сценариото „ПутинМедведев“, изјавиле од српската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.