Доколку сакате да ослабите успешно, здраво и долгорочно, пробајте ја диетата прогласена од експертите за најдобра за целокупното ваше здравје.
Секоја година „УС Њуз енд ворлд рипорт“ собира тим сочинет од лекари, нутриционисти, специјалисти за дијабетес, кардиоваскуларни болести и слабеење.
Секој од нив детално анализира поедини режими на исхрана и го одбира најдоброто за здравјето на човекот.
Оваа година се анализирани 38 диети и седми пат по ред, за најдобра е прогласена ДАСХ (DASH), прехранбен пристап за намалување на крвниот притисок, односно Dietary Approaches to Stop Hypertension.
ДАСХ диетата, како што нејзиниот назив вели, се препорачува кај хипертензијата и ризикот од другите кардиоваскуларни болести, а зад себе ги остави популарните Дукан, Аткинс, палео и сличните режими на исхрана, кои се најдоа на самото дно на скалата.
ДАСХ се заснова на внесот на овошје, зеленчук, интегрални житарки и немасно месо, а најважните карактеристики на оваа диета се намален внес на сол, преработки, рафиниран шеќер, маснотии и црвено месо.
Поради сето наведено стручњаците ја оценуваат како диета која е идеална и за лицата кои сакаат да ослабнат без т. н. јо-јо ефект.
ДАСХ има неколку основни насоки:
– Дневниот внес на сол треба да го ограничите на 2.300 мг (две мали лажици)
– Да јадете повеќе зеленчук и овошје
– Да внесувате интегрални житарки
– Консумирајте немасни извори на протеини како риба, месо од живина и мешунки (грав, леќа, грашок)
– Избегнувајте индустриски преработени производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.