– Сигурно дека нема да застанеме тука. Сепак, ова е кривично дело кое што е од делот на заштита на човековите права и слободи и од тие причини сигурно и меѓународните институции се овластени да одлучуваат по една ваква постапка, нормално, по исцрпување на сите механизми во Република Македонија, изјави Цветковски.
Според него, во постапката не биле земени предвид приложените докази, изјавите на тужените и признанијата на тужените дека одлуките за обајвување на разговорите биле донесени од највисоките органи на СДСМ.
Тој додаде дека ќе ја продлжи правната „битка“ и оти верува во законот, институциите и Уставот.
Адвокатот на тужените, Мирослав Вујиќ изјави дека правно ја очекувал оваа одлука и потенцира дека „во вакво судство можеше да се очекува секаква одлука“. Тој во телефонската изјава рече дека со ваквите правно издржани одлуки очекува да се врати достоинството на судот.
Цветковски, кој е генерален секретар на ГРОМ и поранешен висок функционер на СДСМ, ги тужеше Заев, Костовски и правното лице за објавување разговори водени во 2013 година меѓу двата круга од локалните избори со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.