| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Грк и весела склероза“ вечерва го отвори ДАФ

Фестивалот се отвори со преставата „Грк и весела склероза“ во режија на Перо Даниловски.

Во наредните пет фестивалски дена ќе бидат изведени уште 12 театарски престави на аматерски драмски групи и ансамбли од Неготино, Куманово, Скопје, Виница, Демир Капија, Кочани, како и ансамбли од Словенија и од Србија.

Во жирито кое ќе ги оценува претставите се актерките Изабела Новотни и Кристина Атанасова-Арсова, како и тетараскиот организатор Русе Арсов.

Вечерва во ноќниот термин настапуваат аматерите од Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница со претставата „Додека го чекавме Годо“, во режија на Орце Павлов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top