На поменот жителите на Ваксинце инсистирале да нема политичари. Нивната желба не ја испочитувал Фазли Велиу, па така во друштво на пратеникот од ДУИ, Реџаил Исмаили, биле дел од декорот на годишнината од смртта на командант Тигри, јави „Канал 5“.
Неканетиот гостин побарал да одржи говор. Тогаш велат нашите извори, врз идеологот на ОНА скокнале дел од членовите на одборот. Му се нафрлиле и го нападнале велејќи дека не сакаат да држи говор на годишнината.
Очевидци на настанот велат дека, бранејќи го Велиу, неколку удари добил и пратеникот Исмаили.
Нашите извори велат дека Велиу бил обвинет оти тој како претседател на Здружението на ветерани на ОНА не се грижел доволно за семејствата на загинатите во конфликтот од 2001 година. Го обвиниле дека сака само да се промовира, а ДУИ политички да профитира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


