| четврток, 6 декември 2018 |

Марсело Биелса по една година пауза му се враќа на фудбалот

FOOTBALL : Marseille vs Benfica - Amical - 23/07/2014

Еден од најпознатите светски тренери на денешнината и поранешен селектор на Аргентина, Марсело Биелса, ја прифати понудата на Лил и од следната сезона ќе биде предводник на францускиот прволигаш.

Легендарниот Аргентинец веќе од минатото лето е без клуб, откако по само неколку седмици го напушти Лацио поради недоволна ангажираност на челниците во трансфер-пазарот, а од слична причина си замина и од Олимпик Марсеј, каде што беше прв тренер една сезона.

Биелса својот најголем тренерски успех го имаше во Атлетик Билбао, со кого играше и финале на Лигата на Европа, а во Лил ќе го наследи повремениот тренер на тимот Франк Пасие, кој на чело на тимот застана минатиот месец како замена на Патрик Коло, кој доби отказ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top