| четврток, 6 декември 2018 |

Малезија го отповика својот амбасадор од Пјонгјанг

Малезија го отповика својот амбасадор во Северна Кореја во време на зголемени тензии меѓу двете земји по смртта на Ким Јонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, за кој се претпоставува дека е отруен на аеродромот во Куала Лумпур, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа земја.

Според соопштението на министерството, амбасадорот на Малезија во Пјонгјанг е повлечен поради консултации.

Од друга страна, Министерството наведува дека го повикал амбасадорот на Северна Кореја во Куала Лумпур, Канг Чол, за да даде објаснување во врска со обвинувањата на сметка на малезиската влада, пренесува АП.

Канг рече дека е можно Малезија да прикрива нешто и дека обдукцијата спроведена врз Ким Јонг-нам е „еднострана и без нивно присуство“.

Во соопштението, обвинувањата на амбасадорот на Северна Кореја во Куала Лумпур, се оценуваат како „неосновани“ и истакнува дека смртта на полубратот на лидерот на Северна Кореја се случи на територијата на Малезија под „мистериозни околности“ и тоа е одговорност на малезиската влада, да ги испита и да ја утврди причината за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top