| четврток, 6 декември 2018 |

Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче

Бракот на 10 годишното девојче со 40 годишен маж предизвика бура од реакции во Малезија, каде се погласни се барањата за донесување закон за одредување на минимална старосна граница за стапување во брак.

Родителите на девојчето кои се од Тајланд го договориле бракот со мажот од Малезија, на кого таа ќе му биде трета сопруга, под услов да не го напушти домот се доека не наполни 16 години.

За УНИЦЕФ овој случај е шокантен и неприфатлив, но не можат да направат ништо дополнително бидејќи според владата во Малезија, нема официјален документ за стапувањето во брак, што значи дека се работи за брак случен според исламски шеријатски закон.

Активистите во Малезија кои се обидуваат да ги спречат ваквите бракови, тврат дека мажот бил успешен трговец, а дека родителите на девојчето биле сиромашни, па затоа и не се двоумеле многу на неговата понуда.

 

извор: zenskimagazin.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top