| четврток, 6 декември 2018 |

Седум нови случаи на заболени од сида во Македонија, меѓу нив и едногодишно дете

Едногодишно дете вирусот на сида го добило од мајка му уште во утробата. Заболувањето кај детето било неодамна откриено, пишува порталот „Здравство 24“. Овие два случаи се меѓу седумте новорегистрирани само последните три месеци. Сите се од Скопје. Две лица имаат Сида, а 5 се Хив позитивни. Најголем дел се мажи на возраст од 20 до 29 години.

-Четири од овие седум новорегистрирани вирусот го добиле по хетеросексуален пат , еден случај е од мајка на дете, а во два случаи станува збор за МСМ пренос, вели за здравство24 д-р Жарко Караџовски епидемиолог во Институтот за јавно здравје.

Лани во земјава беа евидентирани најмногу досега вкупно 23 лица со Хив/Сида. За годинава епидемиолозите прогнозираат дека  ќе има меѓу 10 и 15 случаи. Зголемениот број на новооткриени случаи се должи на се поголемиот интерес за тестирање.

-Во последните 5 години на годишно ниво се прават помеѓу 14-18 000 тестирање, додава д-р Караџовски.

За 23 години од кога е регистриран првиот случај во Македонија, со Хив/Сида се заразиле вкупно 176 лица, починале 71. Само од почетокот на годинава има 2 смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top