Кошаркарките на Вардар испишаа нова страница во клупската историја откако ја освоија својата прва Куп-титула. Вардарки и ставија крај на доминацијата на Бадел 1862 во натпреварувањата од државниот Куп откако ги совладаа со 65-69 односно 22-24, 15-18, 15-11 и 13-14 по делници во финалето за прва клупска титула од Купот. Минатогодишните освојувачки заостануваа речиси целиот натпревар, а во финишот немаа доволно концентрација за да се изборат за нова титула.
Кошаркарките на Вардар фуриозно го започнаа првиот финален натпревар. Петте кошаркарки кои ја добија довербата на тренерот Бранко Андриевски за две минути уфрлија девет поени, наспроти ниту еден на актуелниот освојувач на Купот. Перо Стамески повика тајмаут по кој комплетно се променија улогите на паркетот. Лескароска, Трајчевска и Пејковска се покажаа како доминантни на паркетот за условниот домаќин па предноста која до првиот тајмаут ја имаше Вардар набрзо беше анулирана. ДО крајот на првите десет минути Бадел стигна и до само едн поен негатива (21-22). Одбраната, особено во рекетот беше адутот благодарение на кој „вардарки“ и на полувремето заминаа со предност (37-42).
Се вратија екипите на паркетот, а преимпресионираните кошаркарки на Вардар почнаа да заостанвуаат позади силниот противник.Две грешки во низа во два напади значеше и отворен простор за Адамовска која му го донесе првото водство на својот тим на натпреварот, дури во 22 минута. Следеше изедначена игра што придонесе за егал и неизвесна завршница. Искусната Ешли Ватс знаеше да изнуди фаул и слободни фрлања со кои донесе нова предност за Вардар, а и самодоверба за одржување на истата до крајот на натпреварот.
Најдобра на паркетот иако мораше предвреме да го напушти теренот беше капитенот на Вардар, Едина Муса со 23 постигнати поени. Кја поразената екипа се истакна Андријана Лескароска со 20 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.