Потрагата по исчезнатото 21-годишно момче од Србија заврши трагично. Исчезнувањето беше пријавено на 22 декември минатата година, а телото на момчето е пронајдено дури сега, пишува порталот Пинџур.мк
Лешот бил пронајден до езеро, а обдукцијата ќе ги даде сите одговори. Неофицијално се дознава дека се пронајдени посмртни остатоци на Јосип Мајер, кој исчезна заедно со 43-годишниот познаник Александар Миловановиќ. Неговото тело беше пронајдено ден по исчезнувањето.
Момчето исчезна откако со Александар отиде во кафуле. Тие вечерта се јавиле на братот на Јосип, велејќи дека паднале во канал, а потоа им исчезна секоја трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.