| четврток, 6 декември 2018 |

Стурмичанка ја бара сестрата-близначка: Знам дека е жива, ќе одам до крај!

Триесет и осумгодишната струмичанка Ленче Ѓеоргиева Велешанова ја започна потрагата по својата загубена сестра-близначка. Како што вели, сигурна е дека нејзината сестра била продадена, а во потрагата и се придружија нејзините пријатели и нејзиниот постар брат Спасо.

Нејзиниот пост ви го пренесуваме во целост:

„Се викам Ленче Георгиева Велешанова. После долго време и размислување собрав храброст и сила да прозборам за мојата тага, а воедно и желба да го победам невозможното со возможно… Јас сум родена како близнак со уште едно женско бебе. Кога сум родена на 25.02.1978 година во Струмица често се случувало да се продаваат деца од страна на лекарите, сестрите и бабиците. На мајка ми и кажале дека второто родено е мртво, но според книгата на родени јас сум второ родена. Каде е живото?

Барам помош од сите вас, ако некој може да ми помогне да си ја најдам сестрата близначка…. Сигурно таа не знае дека јас постојам, но јас сум многу несреќна и се чувствувам немоќно што не се познаваме. Имам 38 години и постар брат. Ова е мојата фотографија, па ако некој може да ми помогне ќе бидам многу благодарна. Совест, информација, сикуство, се е добредојдено. На сите однапред ви благодарам и се извинувам за долгиот пост.

П.С. Решена сум да одам до крај и затоа морам од негде да започнам“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top