| четврток, 6 декември 2018 |

Во Калиманци загина брачен пар, по телото на мажот се трага

кал

Две лица загинаа денеска попладне, кога со автомобил паднале во вештачкото езеро кај браната Калиманци, говорат новите информации.

Според првичните информации, станува збор за брачен пар од Македонска Каменица, а полицијата успеала да го извлече телото на жената, додека по мажот се трага.

Истражните органи на терен утврдуваат како дошло до несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top