Секоја година Меѓународниот институт за истражување на нови врсти на универзитетот во Аризона, ги селектира десетте најинтересни нови видови на животни и растенија.
Меѓу нив овојпат се најдоа и Лесура мајмуните кои живеат во Конго и имаат ќелави азурно сини тестиси.

Ламура мајмун со модри тестиси
Ова се останатите 9 нови врсти кои се најдоа на листата најинтересни:

Љубичицата наречена „Лилипутан“ затоа што не расте повеќе од 1 сантиметар
локација: Перу

Малата безопасна змија „Сибон ноаламина“ на која и се заканува истребување поради големиот број на рудници во западна Панама

Прекрасната грмушка од видот на „Евгенија“ на која и се заканува истребување поради уништувањето на шумите во Мадагаскар

Светлечка тавтабита (инсект кој се храни со цицање на крвта на цицачите)

Сунѓерот „Лира“ на бреговите на Калифорнија кој се храни со планктони и тоа го прави единствен месојад од неговиот вид

Жабата „Paedopphryne amnuensis“ од Папуа Нова Гвинеја кој со своите 7 милиметри е најмалиот ‘рбетник на светот

Црната габа пронајдена на ѕидовите на пештерата Ласко во Франција, позната по праисториските цртежи

Одамна изумрената висечка мушичка, која е идентификувана по нејзините фосили, живеела во периодот Јура

„Буба на социјалните мрежи“ бидејќи откако ја постирале на Фликр, научниците ги контактирале да им соопштат дека откриле нов вид инсект
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


