Компаниите што произведуват храна треба да престанат да даваат антибиотици за забрзување раст кај здравите животни, соопшти денеска Светската здравствена органзиација.
Во некои држави, 80 отсто од антибиотиците завршуваат како лек за растење на животни, што се одгледуват за храна, наведува СЗО.
Прекумерната употреба на тие лекови за животни, наменети за храна на луѓето, ја зголемуваат отпорноста на организмот на човекот кон антибиотици и со тоа, за дел од бактериите што треба да се излекуваат, не постои лек.
– Недостигот од ефективни антибиотици е сериозна безбедносна закана, како и епидемија со смртоносни исходи, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој нагласува дека на животните што се чуваат за храна треба да им се даваат антибиотици само ако се навистина болни или постои инфекција во стадо. Наместо со антибиотици, фармерите треба да превенираат појава на болести кај стоката со поголема хигиена, преку вакцинација, нагласуваат од СЗО.
Европската унија забрани употреба на антибиотици за стока која ќе се употребува како храна за луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.