| четврток, 6 декември 2018 |

Имал најголеми тестиси на светот: Не можел да оди, да работи, ниту да има секс

21-годишниот Кениец, Форенс Овити Опију, станал познат во светската јавност поради пореметувањето од кое боледувал. Имено, тестисите му биле 20 пати поголеми од нормалните, па поради тоа не можел да има нормален живот, девојка, работа. За среќа, успеал да се оперира и да ги намали тестисите на природна големина.
Лекарите по операцијата и отстранувањето на вишокот ткиво утврдиле дека Опију боледува од “scrotal Elephantisis”. Оваа болест е предизвикана од блокада на линфниот систем и доведува до отекување на кожата.

Најверојатната причина за заболувањето е цистата која ја добил кога имал 10 години, а поради големината на тестисите ова момче одвај одело и не можело да носи нормална облека. Со години живеел како самотник. Младиот Кениец минал низ две операции: при првата му бил отстранет вишокот на ткиво, а втората го реконструирала изгледот на неговиот пенис, за тој да изгледа како претходно.

Лекарите очекуваат дека момчето во целост ќе заздрави за три месеци, а се надеваат и дека ќе може да има деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top