Инфаркт е причината за смртта на 33 годишниот штипјанец. Трагедијата се случила на отворено море, информираат за Канал пет, надлежните од МНР.
Ангел бил работно ангажиран во службата за обезбедување на бродот. Во критичниот момент, бил на стража, кога неговите колеги по воки токи го повикале дека му доаѓа смена, но не добиле одговор. Кога отишле на местото каде штипјанецот си ја извршувал должноста го виделе паднат. Тројцата Македонци кои биле со него, експресно пристапиле кон негова реанимација.
Половина час траела борбата да се спаси Ангел, но за жал без успех.
ХГС Кореа од Јужна Кореја, е компанијата што работно го ангажирала Ангел и уште тројца Македонци. Компанијата се занимава со поморски транспорт на стоки. Ангел работел на еден од нејзините товарни бродови на редовната линија Дубаи – Шри Ланка.
Последните информации говорат дека бродот со посмртните останки на штипјанецот плови кон Шри Ланка, каде ќе се изврши обдукција на телото на починатиот.
Ангел А. бил семеен човек, оженет, татко на едно дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.