Зијадин Села Лидерот на ДР-ДПА е подготвен да даде потписи за мандат на Зоран Заев, лидерот на СДСМ, но тоа не значело и поддршка за Влада. Ова го изјави Села по средбата во хотелот „Арка“, додавајќи дека денеска парламентарните партии на Албанците дебатирале за декларацијата на Албанците и како понатаму ќе се одвиваат средбите.
– Во иднина овие средби треба да се држат во Собрание. Дебатиравме околу законот за Албански јазик. Закон кој ќе биде предложен од ова тело, работиме на предлог кој ќе ги задоволува потребите на Албанците – изјави Села.
Според него треба да се отвори Уставот бидејќи во него има многу недоследности.
– Ова е неприфатливо од македонските партии, иако многу земји повеќе пати го менувале Уставот – рече Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.