Дански турист загина денеска откако падна од летечки балон во турската област Кападокија поради силен ветер, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Педесет и четири годишниот Јенсен Бени Карл утрово се качил на балонот заедно со уште 20 лица, повеќето туристи, во округот Невшехир во централниот дел на Анадолија, каде што се наоѓа Кападокија.
Кога балонот почнал да се спушта за приземјување во реонот Карадак, се разлулал од силниот ветер и данскиот државјанин ја пуштил рачката, за која сите патници треба да се држат.
Тој паднал од кошницата на балонот врз скали и се здобил со тешки повреди на главата и фрактури по телото. Мажот бил веднаш пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Отишол на одмор во Грција, останал без 700 евра, таблички и дозвола: Ова е туристот кој веќе нема да стапне во таа земја!
-
Турист загинал во Фиренца, му паднал камен на глава од црква
-
Ужас на плажа: Ја снимила смртта на својот сопруг (Видео)
-
Скандал: Турист од Шведска ја шутнал во глава собарката и мртов ладен си заминал (видео)