| четврток, 6 декември 2018 |

Трансфер бомба во Риека, легендарниот Есиен ќе биде соиграч на Жута и Ристовски

mikael esien

Есенскиот првак во хрватскиот фудбалски шампионат, Риека каде настапуваат Стефан Ристовски и Леонард Жута, а наскоро ќе им се приклучи и Милан Ристовски се наоѓа пред потпис со некогашниот репрезентативец на Гана, Микаел Есиен.

Поранешниот фудбалер на Челси, Реал Мадрид и на Милан само детали го делат од трансфер во клубот од Ријека, со што значително ќе го засили тимот и ќе го подигне интересот на меѓународен план за овој клуб. 34-годишниот Есиен не се прослави во грчкиот Панатинаикос, каде настапуваше до крајот на минатата сезона, а сега шест месеци е без клуб.

Африканецот размислуваше за завршување на кариерата, но неколку менаџери го понудија во Хрватска и сега тој трансфер е пред реализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top