| четврток, 6 декември 2018 |

Спортинг ја активираше клаузулата, Стефан Ристовски доби перманентен договор

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски сега и официјално е играч на Спортинг од Лисабон, кој денес целосно го откупи неговиот договор.

Десниот бек дебитираше за првиот тим минатиот викенд и одигра цели 90 минути, што најверојатно беше доволно за раководството да ја донесе оваа одлука. Откупната клаузула веќе е активирана, а португалскиот тим ќе мора да и плати на Ријека 2.5 милиони евра.

Тренерот на екипата, Жорге Хесус беше задоволен од прикажаното од Ристовски на претходниот меч и најави дека сериозно размислува за негово имплементирање во тимот со поголема минутажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top