| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Александар Вучиќ официјално кандидат за претседател

Главниот комитет на Српската напредна партија – СНС официјално ја потврди кандидатурата на премиерот Александар Вучиќ за претседателски кандидат на земјата.

“Вучиќ официјално е прогласен за кандидат”, се вели во соопштението на партијата, цитирано од српските медиуми. “Решив да дадам согласност да се кандидирам за претседател на Србија, бидејќи Србија има малку време и раководството не треба да се враќа кон оние кои ќе ја уништат земјата”, истакна Вучиќ. Тој информира и дека ја напушта премиерската функција за учество во претседателската кампања. Претседателските избори во Србија се во април, точниот датум се уште не е наведен.

Локално.мк  потсетува дека околу претседателската кандидатура на СНС наиде на тензии. Постојниот претседател Томислав Николиќ, кој е креаторот и лидер на партијата до преземањето на претседателската функција, долго време не изразуваше јасно мислење дали ќе се кандидира за втор мандат. Но откако во неделата СНС објави, иако неофицијално, ќе се предложи Александар Вучиќ, Николиќ изненадувачки изјави дека ќе се кандидира и тој. Николиќ  постави условот да ја  преземе премиерската функција, за да ја повлече својата кандидатура. СНС реагира негативно на потезите му и ги отфрли предлозите , на ниво напартија, иако тој најави и независна кандидатура. Истото го направи и Социјалистичката партија, која е коалиционен партнер на СНС. Самиот Николиќ го загуби некогашното влијание во СНС, анкетите покажуваат дека тој нема шанси на претседателските избори, ако се појави како независен кандидат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top