| четврток, 6 декември 2018 |

Месиќ: Политичарите треба да ги потиснат амбициите и да ја гледаат иднината на Македонија

mesik

Политичарите треба да ги потиснат амбициите и да ја гледаат иднината на земјата, порача поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, говорејќи за политичката криза во Македонија.

– Животот тече и натаму и треба да се формира влада. Сега политичарите треба да ги потиснат амбициите и да ја гледаат иднината на Македонија која треба да води кон целта која што ја сакаат граѓните, рече Месиќ.

Во врска со политичката криза тој рече дека вообичаено околу секои избори се прави политичка криза, но откако ќе завршат изборите секогаш доаѓа до помирување и стабилизирање на дежавата.

– Во услови на Македонија тоа е поинаку. Гледам по изборите наместо да има помирување има поголемо подвојување, што е резултат и на пропустот во Уставот кој не утврдува до кога треба да се формира нова влада и кога се организираат нови избори, рече Месиќ.

Според Месиќ, ако кризата потрае таа ги остава во неизвесност и сите текови во земјата.

– Политичката криза го забавува општеството и економијата трпи од тоа, додава Месиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top