Меѓу 77-те предлози се бараат и редовни средби меѓу власта и ССМ, потоа модели за раздвижување на кредитниот раст од 8 на 10 проценти, мерки за дисциплина на фирмите при плаќање на долговите, укинување на непризнаени расходи, но и стратегија за приоритет на домашни инвестирори.
Стопанствениците побараа и поголема координација на централната и локалната власт за побрзо решавање на имотно-правните односи, поголема ефикасност на постапките за стечај и ликвидација, како и унапредување на енергетските капацитети на земјата. Во однос на енергентите, за ССК е приоритет гасот како важен енергент, изградба на хидроцентрали за производство и продавање поевтина струја. Во тој однос е побарано и стапката на ДДВ од 18 да се намали на 5 отсто за топлинската енергија, но исто намалување на ДДВ да има и за добиточната храна. Се бара и промена на законот за ДДВ, со што овој данок би се наплаќал на наплатена реализација. Стопанствениците побараа и намалување на ДДВ за добиточна храна од 18 на пет отсто, како и стипендирање за доедукација на најмалку 100 менаџери од најразлични компании.
Новите предлози се однесуваат и на образованието и на законот за пушење. Така, компаниите бараат летниот распуст да трае од 15 јуни до 15 септември, а зимскиот од 15 јануари до 15 февруари, со што летната и зимската туристичка сезона би биле поголеми.
Во однос на забраната за пушење, се бара и забраната за пушење во угостителските објекти да важи до 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.