Црните влакна во внатрешноста на увото укажуваат на зголемен ризик од срцев удар покажаа некои истражувања.
Студијата што ја направиле доктор Сандерс Т. Франк и неговиот стручен тим е објавена во „Њу Ингланд џурнал оф медицин“, и покажува дека дијагоналниот набор на ушната ресичка може да биде знак за болест на срцето.
Стручњаците тврдат дека постои врска меѓу влакната во ушниот канал и болеста на коронарните артерии.
Група лекари претпоставуваат дека згрутчувањето во артериите може да биде поради долготрајно излагање на андрогинот, машкиот хормон.
Уште во 199 година е објавена статија на таа тема во индискиот „Харт џурнал“. Статијата изложи резултати од истражување спроведено на 215 индиски пациенти и се занимавала со врскаат меѓу ушната реса, влакната во ушите и болеста на коронарни артерии.
Едни од стручњаците сметаат дека појавувањето на влакна во ушите е директен показател за можност од срцев удар, додека, пак, другите сметаа дека срцевиот удар се случува поради староста или дебелината, а не поради тоа што се појавуваат влакна во уште. Но сите се сложни дека симптомите не би требало да ги занемарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.