Бразилскиот интернационалец Габриел Хесус е опериран во Барселона по тешката повреда на скочниот зглоб, поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната во Премиер–лигата. Тој ќе се лекува во Шпанија, а менаџерот Пеп Гвардиола, за жал, ќе го нема на располагање до крајот на сезоната. Хесус заработи скршеница на метатарзалната коска на стапалото.
– Се чувствувам добро и веќе оптимистички гледам на периодот што следува – порача Габриел Хесус по извршената операција.
Бразилецот се повреди на натпреварот против Бурнемаут (0-2) во Премиер–лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.