| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: И да направат Влада СДСМ и ДУИ, повторно наскоро ќе има избори

nikovski

Изборите се неизбежни и доколку имаме Влада, смета политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор Ристо Никовски.

– Дури и да направат Влада СДСМ и ДУИ, дури и ДПА да се приклучи кон таа Влада, истата нема да трае долго. Ќе биде хетерогена. Ако ја гледате програмата на БЕСА, ќе забележите дека дури и дефинирањето на програмата на партијата е антиуставно, не знам кој ја регистртирал таа партија. Сметам дека внатре во самата Влада уште првиот ден ќе започнат распарвии. Дури и ВМРО да стои на страна, ваквата Влада нема да издржи и повторно ќе имаме избори, изјави Никовски.

Во однос на изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Никовски смета дека со своите изјави и двајцата јасно покажуваат дека се мешаат во внатрешните работи на Македонија и завземаат страна.

– Кога ВМРО-ДПМЕ и ДУИ не успејаа да состават Влада, тие рекоа „Не грижете се лесно ќе се состави мнозинство од 61 пратеник, може и повеќе“.  Знаеме дека Власта не може да го направи тоа, зашто и БЕСА и Алијансата и ДПА се против нив, може да го направи само опозицијата. Повторно Жбогар го кажува тоа денеска во друга форма, тој дефакто поддржува Влада меѓу опозицијата и ДУИ, смета Никовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top