| четврток, 6 декември 2018 |

И обложувалницата му честиташе: Самиот им предложил тип и ги олеснил за 400 000 евра

lewa

Еден обложувач од Англија вчера на многумина им донел среќа и пари откако типот кој самиот го смислил се покажал како вистински погодок. Најпознатите и најголемите обложувалници во Англија на играчите им нудат тие самите да смислат тип на кој би се обложиле, а едно момче смислило наизглед тежок облог кој подоцна се покажал како добитен.

Тој на обложувалницата Скај Бет и предложил тип кој вклучува на натпреварот Баерн М. – Арсенал кој се одигра вчера и заврши5-1, „топчиите“ да промашат пенал и Левандовски да даде гол со глава. За тоа да се случи, Скај Бет понудил коефициент 400, а како што самите признале, тоа ги чинело вкупна исплата од 350 000 фунти.

01

 

Пеналот за Арсенал го промаши Алексис Санчез во првото полувреме, иако од одбиената топка постигна погодок, а Полјакот Левандовски погоди со глава во 53. минута.

Вкупно сите кои вложиле на овој тип ја олесниле Скај Бет за 350 000 фунти или нешто повеќе од 400 000 евра.

02

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top