| четврток, 6 декември 2018 |

Петиција потпишана од интелектуалци, новинари, филмски работници: Бараме правда за Борис Дамовски

Повеќе од 30 интелектуалци, новинари, професори, филмски работници, уметници, амбасадори ја потпишаа петицијата за ослободување на режисерот и продуцент Борис Дамовски, кој е во притвор за настаните од 27 април во македонското Собрание. Во петицијата се вели дека со неговото притворање е извршено злосторство чија цел е да се прикријат вистинските прекршители на Уставот и законите на Република Македонија на 27 април.

Петицијата ја пренесуваме во целост:

„Бараме правда за Борис Дамовски, продуцент, режисер и политички сатиричар кој е лажно обвинетиот во полициско – политички монтиран случај.

Сметаме дека ‘ловот на вештерки’, кој го применува власта, со директно соучесништво на правосудните органи во Република Македонија, претставува најсрамно кршење на човековите права и слободи, а во исто време ги разобличува темелните вредности врз кои почива уставниот поредок на нашата држава.

Цениме дека со притворањето на Борис Дамовски е извршено злосторство чија цел е да се прикријат вистинските прекршители на Уставот и законите на Република Македонија.

Борис Дамовски претставува симбол на борбата за правда и единство на македонските граѓани. Неговиот професионален живот е исполнет со оваа нераскинлива верба во повисоките стандарди на живење и дејствување во Македонија. Неговата основна премиса е „леб и правда за сите“, а неговиот единствен прекршок е „љубовта кон својата татковина“!

Од тие причини, бараме правда за Борис. Истовремено инсистираме овие срамни и смешни обвиненија да бидат отфрлени и ве повикуваме без страв да се придружите кон нашата борба за негово ослободување.

Правдата за Борис Дамовски е правда за сите слободни и лојални граѓани на Република Македонија“.

Досега на оваа петиција се потпишаа: Илинденка Петрушевска – филмолог, Александар Русјаков– писател, Александар Дамовски – новинар, Алисија Ферро – филмски работник, Блаже Дулев – продуцент, Благица Секулоска – драматург, Горан Вуќиќ – монтажер, Ефтим Клетников – поет, Иванка Василевска – универзитетски професор, Ивица Тодоров– презвитер, Дејан Илиев – продуцент, Димо Попов – снимател, Огнен Антов – продуцент, Илија Циривири – продуцент, Владимир Митревски – режисер, Роберт Велјановски – актер, Запро Запров – диригент, Сенко Велинов – актер, Слободан Деспотовски – режисер, Атанас Георгиев – монтажер, Андријана Јаневска – музичар, Виктор Петров Викса – радио водител, Петар Волнаровски – писател, Велика Стојкова Серафимовска – музиколог, Симеон Серафимовски – новинар, Александар Станковски – сликар, Ивона Опетческа Татарчевска – етнокореолог, Антони Мазневски – сликар, Наум Стоилковски – новинар, Стефче Стојковски – народен уметник, Јован Донев – амбасадор, Далибор Јовановски – универзитетски професор,  Наташа Котлар Трајкова – универзитетски професор…

Сите заинтересирани поединци за поддршка на оваа петиција можат да пишат на: i.vasilevska@pf.ukim.edu.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top