| четврток, 6 декември 2018 |

Сакала да биде само манекенка, а стана прва дама – Меланија Трамп очајна!

melanija

Додека Доналд Трамп ужива во моќта и власта како претседател на Америка, неговата сопруга Меланија се бори со улогата на прва дама и одговорностите и должностите кои таа улога и ги донела, откриле за „УС Викли“ извори блиски на првата дама.

-Ваквиот живот не беше нејзин сон. Тоа беше сон на Доналд и Меланија не знае да се носи со оваа ситуација – рекол пријател на семејството Трамп и стилистот Филипс Блоч.

Нејзиниот живот не е типичен за една прва дама. Имено додека нејзиниот сопруг е во Белата куќа, таа во Њујорк е заробена во пентхаусот.

melanija2

-Таа во 1996 година пристигнала во Америка како би изградила модна кариера, и воопшто не и била намера да стане прва дама.Очајна е, несреќна поради тоа во што и се претворил животот – рекол извор близок на Трамп.

Од инаугурацијата, Меланија не била во Белата куќа и не приредила ниту еден прием, додека нејзината претходничка, Мишел Обама во првата недела на мандатот на својот сопруг во Белата куќа одржала два приема.

На Меланија тешко и паѓа што постојано е под надзор на тајните служби и што синот не смее да го вози ниту на училиште, бидејќи таа работа ја прават тајните агенти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top