Морскиот лав во скопската Зоолоша градина голтнал камен и тоа било причината за неговата смрт, соопштија денеска на прес-конфренција. Морскиот лав почина минатата недела.
Како што истакна Дане Кузмановски од Зоолошката градина, поради голтањето, на лавот му се затнале хранопроводот и желудникот.
Причината за смртта била утврдена после обдукцијата која е извршена врз трупот на починатото животно. Обдукцијата е извршена на Факултетот за ветеринарна медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.