| четврток, 6 декември 2018 |

Зоолошка градина донираше за дечињата во Домот за деца без родители „11 Октомври“

Зоолошката градина Скопје денеска донираше три телевизори за Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Директорката на Домот Соња Стамевска заедно со дел од штитениците ја посетија Зоолошката градина, каде директорот Ѓорѓи Галетановски им ги врачи телевизорите во форма на егзотични животни.

„На средбата беше договорена и понатамошна соработка меѓу Зоолошката градина и Домот за деца без родители „11 Октомври“, како и бесплатни едукативни тури и интерактивни работилници за сите дечиња од Домот“, соопштија од Зоолошката градина

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top