| четврток, 6 декември 2018 |

Срна: Ветувам дека ова не е крај на мојата кариера

Долгогодишниот хрватски репрезентативец и капитен на Шахтар, Дарио Срна, потврди дека бил позитивен на последниот допинг тест, но додаде дека никогаш намерно не користел недозволиви супстанци. Фудбалерот потврди дека се повлекува од зелениот терен се додека трае истрагата против него. Искусниот десен бек верува дека ќе докаже дека немал никаква намера да користи недозволиви супстанци.

– На 18. септември, Националниот антидопинг центар во Украина, ме информираше дека во мојот примерок, кој го дадов на 22. март, е пронајдена недозволива супстанца. Како прво и најважно, сакам да истакнам дека никогаш намерно не сум користел некаква недозволива супстанца, ниту пак сум се обидел на некаков незаконски начин да ги зголемам моите спортски способности или квалитети, напиша Срна во своето писмо.

Хрватот додаде дека ќе обиде да докаже дека се што постигнал во својата фудбалска кариера го постигнал благодарение на напорната работа.

– Тоа се вредности кои ми ги пренесе и ми го всади мојот починат татко, вредности кои ги пренесов и на моите деца. Сакам искрено да и се заблагодарам на мојата фамилија, на клубот, на навивачите за безрезервната подршка која ми ја даваат во овој те’ок момент. Се надевам дека брзо ќе се вратам на зелениот терен. Ова никако не е крај на мојата фудбалска кариера, тоа можам да ви го ветам, додаде офанзивниот бек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top