| четврток, 6 декември 2018 |

65 отсто жени во Индија сопругот го виделе првпат на венчавката

indija

Жените во голем број патријархални средини во Индија можат да се омажат само со договорен брак од страна на нивите родители со што немаат целосна контрола врз својот живот, се наведува во анализа на Индискиот центар за хуман развој.

Според истражувањето, само пет отсто жени во Индија „имаат среќа“ сами да го изберат партнерот. Истражувањето го направиле Универзитетот од Мериленд и агенцијата за анализи од Њу Делхи – Национален совет за економски истражувања.

Анализите се правени во две фази – едната во 2005 година и другата во 2012 година за да се видат извесни промени, кои според истражувањето се речиси непостоечки. Во истражувањето учествувале жени на возраст од 15 до 81 година од Индија.

Шеесет и пет отсто испитанички нагласиле дека сопругот го сретнале првпат на венчавката!

Според истражувањето, моќта на индиските жени да изберат сопруг сами не е во корелација со писменоста. Во Њу Делхи, каде писменоста е на ниво од 86,21 отсто (на национално ниво – 74,04 отсто) само два отсто од жените навеле дека можат сами да изберат сопруг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top