Меѓународната тениска федерација го објави списокот на допинг-тестови спроведени во 2016 година кој покажува дека на контрола најчесто биле најдобрите тенисери во светот. Листата ја предводат Србинот Новак Ѓоковиќ и Британецот Енди Мареј.
Најмногу се контролирани играчите кои стигнувале до завршницата на турнирите. Српскиот и британскиот тенисер се на врвот на листата со повеќе од седум допинг-тестови, на турнирите и надвор од нив. Во истиот ранг се Милош Раониќ, Стан Вавринка Марин Чилиќ и уште неколку познати имиња.
Тенисерките во просек се помалку тестирани во однос на машките колеги, па така Серена Вилијамс и Анжелик Кербер имаат четири до шест тестови на турнирите и седум и повеќе допинг тестови надвор од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.