Македонската репрезентативка во алспко скијање, 16-годишната Лидија Симјановска, вечерва доби пријатна вест од швајцарскиот зимски скијачки центар Сент Мориц, каде што е во тек светскиот шампионат.
Битолчанката во квалификациите во велеслалом со вкупно време од 2:24.92 и заостанување од +25.14 секунди заврши на 46. место и по пласман не обезбеди финална трка, но вечерва стигна одлична вест од ФИС.
Со оглед на тоа што настапуваат скијачи од сите европски земји, а секоја земја чијшто натпреварувач ќе ја заврши трката може да пријави еден финалист, Симјановска доби зелено светло и ќе настапи во финалето.
Финалната трка во велеслам ќе се одржи на 16 февруари, првата трка во 10 часот, а втората во 13 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.