| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Прилепчанска ја претстави за прв пат Македонија на Светско првенство во уметничко лизгање (видео)

Македонската претставничка Ангела Прилепчанска денеска за прв пат ј претставуваше Македонија во уметничко лизгање на ISU Junior Grand Prix (Светското првенство во ументичко лизгање за јуниори) што се одржува во Загреб, во категоријата-жени.

Ова учество е од голема важност за Македонската Федерација која пред речиси три месеци стана членка на ISU, но и за државата, која за првпат има претставник во уметничко лизгање на Светско првенство.

Прилепчанска во рамките на овој натпревар ќе настапи и на 30 септември со Слободен состав („Ladies Free Skating”) по што ќе следи конечно бодување и рангирање во рамките на Светската Јуниорска листа за уметничко лизгање-жени.

извор:радиомоф.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top