| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз на Клиперс и на Њујорк, Лејкерс и натаму тонат

Два од трите водечки екипи што настапуваа изутрината загубија, а серијата неуспеси продолжи и за Лејкерс

Првите ѕвезди на Никс и на Клиперс, Кармело Ентони и Блејк Грифин беа извонредни, но нивните тимови, сепак, беа поразени кај убедливо послаби екипи. Њујорк го загуби градскиот дуел со Бруклин со 88-85 иако Мело имаше 29 коша и девет асистенции,  а Клиперс доживеаја непријатност кај екипа од западниот брег, Голден Стејт. Главен виновник за поразот од 106-99 е Крис Пол, кој постигна само четири поена, а неговата лоша вечер не можеше да ја надополни ниту Грифин, кој имаше 26 коша и 13 скока.

Со победа помалку од Оклахома, Клиперс повторно паднаа на второто место според вкупниот биланс во НБА, но сега закана за нив е и Сан Антонио, кој изутрината славеше на тешкото гостување во Филаделфија со 90-85. Без Џинобили, Тим Данкан беше лидер со 24 коша и 17 скока. Далеку од нив, со само половина од победите, а на средина од сезоната се Лејкерс, кои загубија во Чикаго со 95-83. Коби одново потроши многу топки со слаб ефект, па мечот во „Јунајтед центарот“ го решаваа белите бекови. Кирк Хајнрих постигна 22 коша и беше подобар од Стив Неш, кој заврши со 18 поени.

Во другите средби:

Шарлот – Хјустон 94:100

Атланта – Минесота 104:96

Портланд – Вашингтон 95:98

Мемфис – Индијана 81:82

Њу Орлеанс – Сакраменто 114:105

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top