Играчот кој на почетокот на претходната сезона стигна во Оклахома по размената за Џејмс Харден, ќе добие околу 30 милиони долари за четиригодишен договор.
Мартин на овој начин повторно ќе соработува со кошаркарскиот стручњак Рик Аделман, кој го тренираше во Сакраменто „Кингс“, во периодот додека важеше за еден од најдобрите бекови во НБА.
Двете страни постигнале само вербален договор, бидејќи екипите дури од 10-ти јули ќе имаат право да потпишуваат документи со кои ќе ангажираат играчи. „Вулвси“ се имаат договорено и со Чејс Бадинџер, кој ќе добие нов тригодишен догoвор вреден 16 милиони долари.
Мартин и Бадинџер се совршено запознаени со офанзивниот систем на Рик Аделман, кој сака да комбинира брзи додавања и движење на играчите во поле без топка.
Мартин, како што веќе споменавме, играше за Аделман во таборот од Сакраменто, а настапуваше и во Хјустон „Рокитс“ пред да стане резерва кај „Грмотевиците“ минатата сезона. Просечно уфрлаше по 14 поени на меч, со ефект од 42,6% во шутот за три.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.