| четврток, 6 декември 2018 |

НБА: Медисон Сквер Гарден ќе се гради на друга локација

Градските власти на Њујорк деновиве им наложиле на сопствениците на познатата повеќенаменска, пред се спортска арена „Медисон Сквер Гарден“, дека во период од десет години треба да се отселат од актуелниот простор

madison-square-garden-interior

Градското собрание на „Големото јаболко“ одлучи со 47 гласови „за“ и еден „против“, дека „Медисон Сквер Гарден“ може да ја користи моментната локација уште најмногу десет години.

Според информациите на „Њујорк Тајмс“, за една деценија истекува 45-годишната дозвола која ја има добиено прочуената сала.

„Медисон Сквер Гарден“ од отворањето во 1878-та година, пет пати ја менувал адресата, а последната е востановена во 1964-та година, на Плоштадот „Пенсилванија“ број 4.

„Ова е прва етапа во барањето нов дом за „Медисон Сквер Гарден“ и изградбата на нова њујоршка Пен станица во 21-от век“, изјави портпаролот на Градското собрание на Њујорк, Кристин Квин.

„Медисон Сквер Гарден“ го користат, меѓу другите, кошаркарите на НБА тимот „Њујорк „Никс“, а тоа место во 1971-та година беше поприште на боксерскиот „меч на векот“, меѓу Мохамед Али и Џо Фрејзер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top