Како клучен момент во одлуката да се пресели во Бруклин се споменуваат добрите односи со сопственикот на овој тим, неговиот сонародник Михаил Прохоров, кој некогаш беше сопственик и на ЦСКА Москва, каде што Кириленко играше во два наврати.
Со трите засилувања Кириленко, Пол Пирс и Кевин Гарнет и со „староседелците“ Дерон Вилијамс, Џо Џонсон и Брук Лопез, Бруклин нетс создаде респектабилен тим кој сериозно може да го загрози Мајами хит во источната конкуренција.
Инаку, Кириленко минатата сезона имаше просек од 12,4 поени, 5,7 скока и 1,5 украдени топки по натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.