Националната установа Завод и Музеј-Битола годинава ќе реализира 57 проекти – составен дел на националната програма на Министерството за култура за кои се издвоени 66 милиони денари.
На денешната прес-конференција во Битола, директорот на таа национална установа, Зоран Алтипармаковски изјави дека еден од најзначајните проекти кој е прифатен од Министерството за култура, а ќе се реализира оваа година, е реконструкцијата на административната зграда на Музејот.
– Станува збор за проект со кој е предвидена конзервација и реставрација на фасадата, ентериерно уредување, средување музејските депоа, зголемување на музејската поставка од 570 на 1.200 квадратни метри, а во поткровјето ќе биде оформен галериски простор кој ќе се простира на површина од 2.000 квадратни метри, нагласи Алтипармаковски.
НУ Завод и Музеј-Битола во минатата година го посетиле 42.563 туристи, од нив 75 oтсто од странство, главно од Турција и Израел беше посочено на денешната прес конференција во овој град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците