| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Надал: Не смеат да се отпишат, Ноле и Енди сѐ уште се главни фаворити

nadal

Тони Надал, тренерот на финалистот на Австралија опен, Рафаел Надал, вели дека сè уште не смее да се отпишат водечките Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, велејќи дека тие и во иднина ќе бидат први фаворити за освојување на турнирите.

– Австралија опен беше само турнир во кој не им тргна на најдобрите. Затоа јас мислам дека Мареј и Ѓоковиќ сè уште се први фаворити за освојување на следните големи турнири. Еден лош меч, не значи крај на сезоната. Тие се големи спортисти и тенисери и тешко ќе биде да ги совладаш – вели чичкото на Рафаел Надал.

Исто така, Тони истакна дека неговиот тенисер веќе заборави на проблемите и повредите од минатата сезона и дека на следните турнири ќе биде уште подобар и ќе се носи рамо до рамо со најдобрите тенисери на листата на АТП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top