| четврток, 6 декември 2018 |

Милена Антовска го одбра совршениот невестински фустан

Со креацијата која ја носеше познатата телевизиска водителка Милена Антовска вчера се отвори петтата модна ноќ на невестите која се оджра во хотелот „Мериот“.  Фустанот на Антовска е дело на салонот за венчаници „Зиане“

unnamed (1)

– Инспирацијата за колекцијата ја добив замислувајќи ги идните невести како од спортската дневна линија на облекување се трансформираат во гламурозен изглед за специјалниот најубав ден во животот – објаснува дизајнерката Зиане Бакиу.

unnamed

Веднаш потоа Наташа Карчева од ателјето „Ал Апарел“ ги прикажа креациите од „Timeless beauty“ за кои вели „акцентот е ставен на женската силуета која суптилно се назира во прозрачните материјали: француската свила, најмекиот тул, богато везени тантели и цврсти брокати надополнети со многу рачно изработени детали. Цветните принтови и 3Д форми повторно ги надополнуваат лелеавите здолништа.

unnamed (5)

unnamed (4)

unnamed (3)

„Elizabet design studio“ инспирирано од животната енергија симболично ја нарече новата колекција „ВИГОР“. Автентичен авангарден израз за невести кои имаат личен стил, смели да се вклопат во современиот стил на живеење каде покрај естетиката важен е и комфорот. Изборот на материјали е внимателно селектиран и придонесува оваа година венчаниците да бидат во винтиџ стил, осовремен со модерен израз.

unnamed (11)

unnamed (10)

unnamed (9)

На овогодинешниот „The Bridal Fashion Night“ учество земаа и ателјето „Vlora&Kaltrina“ како и косовската модна куќа „Менакон“ која вчеравечер претстави гламурозна колекција наречена „BROF“ со раскошни венчаници низ кои се прелева палета од бои и луксузни материјали.

unnamed (12)

unnamed (13)

unnamed (14)

unnamed (15)

Вечерта во организација на Моден викенд Скопје ја затвори ревијата на дизајнерката Јасмина Дракул.

unnamed (6)

– Инспирацијата за колекцијата ја црпев од моќноста и уникатноста на гламурозните венчаници и тоалети на кралските семејства, поврзана со лежерниот романтизам со цел да се долови тој гламурозен изглед на нашите постори по кој многумина мечтаат. Моите креации ја претставуваат жената која е нежна а моќна, вистинска кралица на својот посебен ден – вели Дракул.

unnamed (7)

– Големата посетеност на модната ноќ на невестите (The Bridal Fashion Night) уште еднаш ни покажа дека на Македонија и треба ваков настан и дека идните невести со уживање го одбираат својот омилен фустан. Презадоволни сме од реакцииите на публиката и учесниците на настанот – велат организаторите.

unnamed (8)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top