| четврток, 6 декември 2018 |

Милена Антовска со емотивна порака: Седум месеци го живеам најубавиот период од мојот живот

Популарната водителка Милена Антовска-Станковска пред седум месеци ја роди ќеркичката Лана Марија, па по тој повод среќната мамјка се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака.

– Ја гледам сликава и си го премотувам цел тој ден во глава. Да, 28-ми август минатата година, сончев ден како денешниов. Ќе го прескокнам делот со прегледот и болките и чекањето, затоа што на крајот на краиштата тоа и не е важно, се заборава. Туку ете така ми дојде да ги споделам емоциите кои ми навираат денеска, точно 7 месеци откако се роди мојата душа Лана Марија. Се сеќавам како ми беше кога прв пат ги видов тие очиња, кога прв пат нејзиното тело го допре моето, кога прв пат ги бакнав тие мали прстиња… 7 месеци го живеам најубавиот период од мојот живот, исто толку месеци исполнети со среќа, љубов, солзи, радост, смеа… ти благодарам Господе за оваа убавина, ти благодарам што ми овозможи да станам подобра личност, да станам мајка. А уште повеќе ти благодарам тебе Гордан Станковски, љубов моја, напиша водителката до сликата на која таа позира со својата ќеркичка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top