| четврток, 6 декември 2018 |

Преминот „Богородица“ трета недела е затворен за сообраќај

premin

Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница сè уште е затворен за сообраќај, а другите два премина „Меџитлија“ кај Битола и „Дојран“ се отворени, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.

На патиштата низ државата нема забрани и сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка и на планинскиот премин Стража.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино, кај Стоби на реката Црна десната лента е затворена за сообраќај, а сообраќајот се одвива по левата коловозна лента, поставена е соодветна сигнализација.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top