| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски медиуми: Го уценува ли Заев Ахмети преку Невзат Бејта, Теута Арифи и Изет Меџити?

Косовските медиуми денеска излегоа со куса анализа за состојбите во Македонија со осврт кон тоа зошто ДУИ и Али Ахмети наместо да се држат за принципиелниот договор со ВМРО-ДПМНЕ, сега разговара со СДМ. Анализата е со наслов  „Заев со сериозни навреди кон Али Ахмети и ДУИ: Корумпирани сте и работите само за пари“

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев во едно интервју кога ги објавуваше во јавноста таканаречените “бомби на Заев” упати сериозни навреди кон раководството на ДУИ и Али Ахмети, нарекувајќи ги корумпирани луѓето кои работат само за пари.

express2

Се пренесува и видео снимка од интервјуто во кое Заев вели:

-Од 38 бомби отворивме две бомби кои беа специјално за ДУИ. Еве, јавно кажумам  корумпиран е и делот на ДУИ и бегање од тоа нема. Заедно со ВМРО-ДПМНЕ делеле пари, сопственост на Република Македонија и нејзините граѓани. За пусти пари е забегано ова општество, не за нешто друго, секако моќта заради пари и нема дилеми тука- вели Заев.

Медуимите од Косово, кои се достапни за публиката од етничките Албанци во Македонија, отворено прашуваат „Дали е ова закана од страна на Заев со цел да се заплаши Али Ахмети и неговиот тим?“

Понатаму, а секако во контекст на делот на ДУИ кои се залагаа за разговори со СДСМ, ја отвораат и дилемата „ Дали тој (Заев) со ова ги уценува функционерите на ДУИ, Теута Арифи и Невзат Бејта за да се сретнат со него? Ова останува дилема која времето ќе ја реши“- се додава во анализата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top