| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со млака вода

Творец на оваа диета е фармацевтка која што изгубила дури 18 килограми со неа. Најважно е наутро да јадете банани и во текот на денот да пиете млака вода, а резултатите ќе бидат видливи за само две недели.

За доручек можете да изедете повеќе од една банана, исклучиво свежа, но немојте да се прејадувате. Доколку од било која причина не можете да јадете банани, заменете ги со било кое друго овошје. Ако и понатаму сте гладни, почекајте 15 минути, па ако и понатаму чувствувате глад изедете нешто што сакате, но во мали количини.

За ручек и за вечера јадете нормално. Се препорачува да не вечерате после 18 часот. Нема посебни правила околу ручекот и вечерата во оваа диета, нема ниту забранети намирници, но важно е да избегнувате пржена храна и да не се прејадувате. Единствен пијалок кој смеете да го пиете покрај оброкот е млака вода, и тоа во мали голтки. После 15 часот можете да изедете некој десерт како на пример чоколада или бисквити, иако најпрепорачливо е тоа да биде некое овошје.

Пример за мени:

Доручек: банани, кајгана, грејпфрут, шолја зелен чај
Ручек: 2 варени јајца, голема мешана салата со моркови, брокула, кромид, домати и зелена салата
Ужина: јогурт, рака јаткасти плодови
Вечера: пилешки гради, варени моркови или компир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top