| четврток, 6 декември 2018 |

„Заменска“ диета: Наместо компири јадете пире, наместо тестенини -тиквички

Често првата препорака за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми е да се откажат од белиот леб. Меѓутоа, ако сте од оние кои не можат да се откажат од леб и тестенини, во продолжение ви нудиме здрава алтернатива за овие намирници.

Замена за компир

Карфиолот е намирница која може да се подготвува на безброј начини, а не содржи речиси никакви маснотии. Има многу малку јаглени хидрати и калории, па затоа е идеална замена за компирот. Згответе ја и подгответе ја како компир, направете ја пире. Исто така, зготвениот карфиол зачинет со малку сол, бибер, маслиново масло и оцет станува највкусната салата која можете да ја изедете.

Замена за леб

Оваа вкусна намирница е тесно поврзана со дебелеењето. Ако сте и вие зависник од леб и не можете ни да замислите оброк без него, постои алтернатива – станува збор за леб без трошка брашно, кој е многу вкусен и едноставен за подготовка.

Овој вид на леб содржи мали количини квасец и сол и нема адитиви, конзерванси и слични супстанци. Истурете вода над пченица и оставете ја така три дена додека ‘рти, а повремено менувајте ја водата. После три дена исцедете ја пченицата и измелете ја во блендер.

Во добиената смеса, која потсетува на брашно, додадете снегулки од јачмен кои претходно сте ги чувале малку во вода за да омекнат. Семе од лен, сончоглед и сусам благо запржете ги во сува тава и потоа додадете ги во смесата. Во 50 милилитри вода додадете квасец и малку шеќер и почекајте да надојде. Надојдениот квасец додадете го во смесата, посолете и замесете тесто. Можете да додадете уште вода ако е потребно.

Во рерна загреана на 220 степени ставете неколку коцки мраз да се создаде пареа, па потоа ставете го лебот да се пече. Влажната средина ќе помогне во растењето на тестото. Печете го лебот околу 45-50 минути.

Замена за тестенини

Тестенините за многумина се главен дел од брз оброк, кој може да се подготви за половина час. Но, иако е многу вкусен додаток за јадењата, тестото не е пријател на вашата фигура, особено ако планирате да изгубите некој килограм. Едноставно, тестенините заменете ги, на пример, со шпагети од тиквички.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top